Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне во западните делови ќе има повремен локален дожд со слаб интензитет.
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.