Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог на Иран, но порача дека е скептичен оти Техеран сè уште не „платил доволно висока цена“.
Според иранските агенции, Техеран преку Пакистан испратил до САД предлог од 14 точки, кој вклучува повлекување на американските сили од регионот, укинување на санкциите, ослободување на замрзнат ирански имот и нов механизам за контрола на Хормушкиот теснец.
Трамп најави дека нова воена акција против Иран останува можна доколку, како што рече, Техеран „се однесува лошо“.
Во меѓувреме, Вашингтон предупреди дека компаниите што ќе плаќаат на Иран за безбеден премин низ Oрмускиот теснец може да се соочат со санкции.