Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународен ден на трудот.
„По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, дозволете ми да упатам благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со кои директно придонесуваат за развојот на нашето општество.
Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман обезбедуваат квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните.
Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на условите за работа, зајакнување на професионалниот развој и обезбедување еднакви можности за сите.
Заедно продолжуваме да градиме модерна, транспарентна и ефикасна јавна администрација, кој е вистински сервис на граѓаните. Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!“, порача Минчев.