(Видео) Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка се реализира со силна динамика, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoр 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот фејсбук профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави видео од изградбата.


„Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34км. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности“, вели Ивановски.

Паралелно со ова веќе се објави и јавниот повик за Надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на Изведувач исто така за делницата Крива Паланка-до границата со Бугарија.

Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8 како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK