Пејачката Дуа Липа не може да биде „на страна“ ни кога сака. Откако полека се појавија детали за нејзината свадба со Калум Тарнер, Дуа отпатува во Варшава.
Иако не е познато дали таму отишла на одмор или на службено патување, таа сигурно не ја пропушти можноста да објави неколку фотографии и да покаже барем дел од својот живот…
Во една од објавите, таа ги покажа своите модни вештини кога позираше во црни панталони и градник, преку кои носеше розово сако со едно копче.
View this post on Instagram
Ја стилизираше својата препознатлива долга, црна коса во меки бранови, а шминката не се разликуваше многу од она што Дуа обично го сака. За излегувањето во Варшава, таа ја избра вистинската комбинација на бои и брзо создаде возбуда на Инстаграм.
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер, без сомнение, ќе биде еден од големите настани во годината, а како што кружат гласини, двојката ја избра Сицилија за својата церемонија.