Јувентус за дефанзивец ќе плати 40 милиони евра


11829823.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јувентус се подготвува за летна реконструкција на тимот, потребен им е стабилен и квалитетен фудбалер во дефанзивната линија. Таков профил на фудбалер клубот најде во Бриж.


Станува збор за Жоел Ордоњез, кој беше поврзуван со Интер во претходниот период, но Јувентус успеа да го претрка ривалот и да го заврши трансферот.

22-годишниот фудбалер е под договор до 2029 година, но се очекува да го напушти Бриж ова лето поради добра понуда.

Хорхе Барил, новинар од „ESPN“, објави дека Бриж ја прифатил понудата на Јувентус од 40.000.000 евра за Ордоњез, и дека последните детали ќе бидат завршиени по завршувањето на Светското првенство, каде дефанзивецот ќе настапи со Еквадор.

Аталанта, Милан, како и Марсеј, сите се обидоа да го добијат потписот на Ордоњез, но на крајот очигледно Јувентус беше најупорен.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK