Џастин Бибер го привлече вниманието на целиот свет со својот настап на Коачела, па сега сакаше да помине малку слободно време подалеку од камерите и опкружен со своето семејство.
Откако заработи десет милиони долари од Коачела, Бибер сакаше да го помине слободното време подалеку од црвениот тепих, рефлекторите и гламурот. Заедно со својот син Џек, кого го има со Хејли Бибер, пејачот отиде на риболов.
Со оглед на тоа што Џастин и Хејли многу ретко споделуваат семејни фотографии, оваа сцена, за која се претпоставува дека ја направила Хејли, ги воодушеви многумина.
View this post on Instagram
За риболов со својот син, кој сè уште нема две години, Џастин избра лежерно издание, темна маица и бермуди, додека момчето беше во сина тренерка со качулка.
И покрај разните гласини за проблеми во бракот, како и проблемите на Џастин со зависностите, овој пар успеа да смири сè и сега се чини дека повторно се среќно семејство.
View this post on Instagram
Џастин и Хејли Бибер се венчаа во 2018 година и оттогаш привлекуваат разни коментари поради неговиот бурен љубовен живот и поранешната врска со Селена Гомез.
фото/ЕПА