Кралот Чарлс III и кралицата Камила вчера пристигнаа во Белата куќа, и додека нивните првични поздрави со Доналд и Меланија Трамп беа тивки, експертот за читање усни Никола Хиклинг го дешифрираше овој необичен дијалог за „Дејли Меил“.
По овој донекаде надреален разговор, кралскиот пар се упати на чај во Зелената соба на Белата куќа, а потоа ја разгледа новата кошница за пчели во градината, која изгледа како минијатурна верзија на претседателската резиденција.
LMAO you can see Trump say “ballroom” here as he chats with King Charles
dude is OBSESSED pic.twitter.com/lO6nFhT9a7
— Aaron Rupar (@atrupar) April 27, 2026
Тие не го започнаа разговорот на најпријатните теми, Трамп веднаш се осврна на неодамнешното пукање за време на вечерата на дописниците од Белата куќа, на што Чарлс одговори:
„Подобро да не останам тука предолго, чувствувам дека не треба да бидам тука“.
Американскиот претседател го праша дали е добро, додавајќи дека целата ситуација „не е добра работа“, на што тој додаде:
„Не бев подготвен, но сега сум“.
Потоа Трамп нагло ја смени темата на рускиот претседател Владимир Путин.
„Во моментов разговарам со Путин. Тој сака војна“, рече Трамп.
Trump is trying his toxic beta-male handshake, and Charles is having absolutely none of it. pic.twitter.com/vNjJcdyR2P
— Adam Schwarz (@AdamJSchwarz) April 27, 2026
Кралот се обиде да ја одложи тешката тема велејќи:
„Ќе разговараме за тоа подоцна“, но Трамп продолжи со своите мрачни предвидувања:
„Имам чувство… ако го стори тоа што го рече, ќе го уништи целото население“, вели Трамп.
Кралот Чарлс повторно се обиде да го заврши незгодниот разговор со краток одговор:
„Втор пат“.
„Може да се види сè до таму, право до балската сала. Дали сакате да видите?“, праша Трамп, на што монархот малку се насмевна и одговори:
„Сигурен сум дека ќе ни покажете“.
фото/ЕПА