Што содржи најновиот предлог за крај на војната на Иран?


depositphotos_379945782_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранските власти вчера објавија детали за повеќестепениот предлог што Техеран наводно го доставил до Вашингтон.


Според планот, првиот чекор би бил преговори за отворање на Ормутскиот теснец, додека се остава настрана чувствителното прашање за збогатувањето на ураниум на Иран додека не заврши војната и не се решат споровите околу превозот во Заливот, објави „Ројтерс“.

Првиот чекор би ги сопрел нападите од страна на САД и Израел и би гарантирал дека тие нема да продолжат.

Во вториот чекор, двете страни би ги укинале блокадите на Ормутскиот теснец. Ова би ја ослободило трговијата преку една од клучните светски бродски линии, која Иран сака повторно да ја отвори под своја контрола.

Конечно, третиот чекор би вклучувал преговори за нуклеарната програма на Иран, при што Техеран ќе бара признавање од САД на неговото право да збогатува ураниум.

Ваквиот план, сепак, според американски функционер не му се допаѓа на претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој вели дека Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за завршување на војната бидејќи тој не го опфаќа прашањето за нуклеарната програма на Иран.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK