На денешен ден во 1905 година, на само 27 години, загина еден од најголемите македонски синови и револуционери, водачот на Илинденското востание и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.
ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица со гордост го носи неговото име и секој 27 април со пригодна програма го одбележува патрониот празник на училиштето.
Меѓу почитувачите на животот и делото на Карев, како и пријателите и поддржувачите на училиштето, беше и градоначалникот Петар Јанков, кој положи свежо цвеќе пред спомен-бистата и им го честиташе празникот на учениците, професорите и останатите вработени, посакувајќи им уште поголеми резултати во воспитно-образовниот процес.
The post Одбележување на патрониот празник во чест на Никола Карев appeared first on Општина Струмица.