Загина 32-годишен возач во тешка сообраќајка на патот Прилеп–Крушево


policija-brza-pomosh-pletvar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Триесет и двегодишен маж од Крушево почина по тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани.


Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „ленд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен прилепчанец, и „опел вектра“ со крушевски таблички, управувано од 32-годишниот Н.З. од Крушево.

Возачот на „опелот“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле и 29-годишна сопатничка од Прилеп, која се превезувала во „опелот“, како и возачот на „ленд роверот“.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK