Дел од жителите на општина Карпош утре (28 април) ќе останат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците Париска и Хелсинки, соопшти РЦУК – Скопје.
Според информацијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улиците Париска, Варшавска и Хелсинки, како и гимназијата Георги Димитров.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.