Со минимален триумф против Лидс (1:0), фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на ФА Купот.
По неколку мрачни недели, навивачите на Челзи конечно добија причина за радост. „Сините“ ја прекинаа ужасната серија, најлоша во клупската историја, пет порази на пет натпревари, без постигнат гол.
Тимот од Лондон ќе игра против Манчестер Сити, кој го елиминираше Саутемптон во саботата, во борбата за трофејот.
Челзи, по отказот што го доби Лијам Розениор, беше предводен од привремено решение на клупата, а тоа е Калум Мекфарлан.
Гледавме интересен и отворен натпревар, каде што видовме добри шанси на двете страни, но на крајот Челзи излезе како победник.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 23-та минута, кога по центаршутот на Педро Нето, Енцо Фернандес реагираше брилијантно во шеснаесетникот и го донесе својот тим во водство.
Како што натпреварот се приближуваше кон крајот, Лидс имаше поголем посед на топката, додека Челзи најмногу се фокусираше на одбраната на сопствениот гол.
На крајот, тие успеаја, па ќе имаат можност да се борат за својот деветти трофеј во ФА Купот, а прв по 2018 година.
foto/ EPA