Историска маратонска трка во Лондон, падна рекордот во машка и женска конкуренција


13931838.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетичарката од Етиопија Тигст Асефа и Кениецот Себастијан Саве, на маратонот во Лондон поставија нови светски рекорди.


Атлетичарот од Кенија, Себастијан Саве, делницата од 42 километри и 195 метри ја мина за еден час, 59 минути и 30 секунди.

Саве стана првиот атлетичар во историјата што истрчал маратон за помалку од два часа.

Тој го собори претходниот светски рекорд – 2:00:35, кој го постави Кениецот Келвин Киптум во октомври 2023 година на маратонот во Чикаго.

Второто место на маратонот во Лондон го освои атлетичарот од Етиопија Јомиф Кеџелча, кој исто така го заврши маратонот за помалку од два часа. Тој постигна резултат од еден час, 59 минути и 41 секунда.

Третата позиција му припадна на Џејкоб Киплим од Уганда, кој беше исто така побрз од претходниот светски рекорд. Тој забележа време од 2:00:28.

foto/ epa

Рекордот беше соборен и во женска конкуренција, бидејќи Тигст Асефа победи на Лондонскиот маратон со време од два часа, 15 минути и 41 секунда, објави „Ројтерс“.

Денес Асефа го собори сопствениот светски рекорд (2:15:50), кој го постави минатата година, исто така на маратонот во Лондон.

Второто место на овогодинешниот маратон во Лондон го освои Хелен Обири од Кенија (2:15:53), додека третото место го освои нејзината сонародничка Џојслин Џепкосгеи (2:15:55).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK