Италијанските спортски медиуми денес на своите насловни страници во преден план ja истакнуваат истрага за нова афера во нивниот фудбал.
Првиот човек на Судиската комисија, Џанлука Роки, под чија надлежност се арбитрите од Серија А и Серија Б, е под истрага во Милано за наводно „соучество во спортски измами“.
Како што денес објавува италијанската „Газета“, се сомнева дека Роки извршил притисок врз неколку судии, влијаел на нивните одлуки и избрал службени лица „кои го фаворизирале Интер“. Освен Роки, под истрага е и супервизорот на ВАР, Андреа Гервасони.
Соочен со тие сомнежи, Роки одлучи да се повлече, односно да се суспендира од највисоката позиција во судиската организација, по што испрати порака до италијанската фудбалска јавност.
„Сигурен сум дека ќе излезам од ова посилен од порано“.
Неговото привремено повлекување им овозможува на надлежните органи да продолжат со разгледување на случајот без дополнителен притисок.
Новинската агенција „АГИ“, откри дека Роки е исто така под сомнение бидејќи Андреа Коломбо е назначен да го суди натпреварот помеѓу Болоња и Интер на 20 април 2025 година.
Ова се случило поради незадоволството од Интер, Даниеле Довери да биде делегиран, па наместо тоа Довери беше пренасочен кон полуфиналето на Купот на Италија, кое Милан го доби со 3:0, три дена подоцна.
Се тврди дека Роки ја донел оваа одлука со неколку други соработници кога бил на „Сан Сиро“, за првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија на 2 април, согласувајќи се да го држи Довери надвор од натпреварите што беа „најважни“ за Интер.
Но, таа промена не му се исплатеше на Интер, кој го загуби тој натпревар од Болоња со 1:0. Орсолини го реши прашањето за победникот во четвртата минута од судиското продолжение и практично го остави Интер без скудето.
Foto/ Depositphotos