Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, поредводени од Леброн Џејмс, славеа во Хјустон и сега една победа ги дели од пласман во конференциското полуфинале. Изминатата ноќ во НА плејофот, ри брејк направија Сан Антонио и Бостон, на гостувањата во Портланд, односно Филаделфија.
Леброн Џејмс, уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите во историјата на кошарката. 41-годишникот ги предводеше Лејкерси до победата во Хјустон, по едно продолжение со 112:108.
Лејкерси во последните 30 секунди надоместија минус од шест поени, а продолѓенија им донесе Џејмс со тројката на 13 секунди до крајот.
Хјустон играше без Кевин Дурант, кој има повреда на глуждот, додека кај гостите отсуствуваа Лука Дончиќ и Остин Ривс.
Леброн Џејмс беше најефикасен со 29 поени, 13 скока и шест асистенции. Руи Хачимура додаде 22 со четири скока, додека Маркус Смарт имаше 21 поен, 10 асистенции, пет украдени топки и четири скока.
Алперен Шенгун се истакна кај Хјустон со 33 поени, 16 скока и шест асистенции. Амин Томпсон имаше 26 поени, 11 скока и четири асистенции, а Џабари Смит забележа 24 поени и шест скока.
Четвртиот натпревар од серијата ќе се игра во Хјустон, во понеделник во 3:30 часот.
Бостон славеше против Филаделфија на гостински терен и го врати брејкот, Селтикс сега водат во серијата 2:1.
Селтикс минатиот натпревар го загуија поради лошиот шут за три поени, а во третиот славеа благодарение на шутот за три поени. Тејтум и Причард погодија вкупно десет тројки, за конечни 100:108.
Макси, со лоша реализација од поле ја предводеше Филаделфија со 31 поен и шест асистенции, на спортивната страна Браун и Тејтум реализираа по 25 поени.
Сан Антонио, без Виктор Вембањама, го врати брејкот во Портланд. Спарс до 2.1 во серијата, дојдоа со победата 120:108.
Спарс ги предводеше Стефон Касл со 33 поени, Харпер додаде 27 поени и 10 скока, а Фокс 18 поени.
Холидеј постигна 29 поени, а Хендерсон 21 поен за Портланд, во чии редови ужасен меч одигра Авдија, погоди само три од 15-те обиди од поле, мечот го заврши со 19 поени. .