Норвешка планира забрана за социјални мрежи за деца под 16 години


dete-kompjuter-depositphotos_84607222_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Норвешка планира да воведе минимална возраст од 16 години за користење на социјалните мрежи, со што значително ќе се заострат правилата, изјави премиерот Јонас Гар Стере, пренесува Анадолија.


Предлогот предвидува компаниите да бидат одговорни за проверка на возраста на корисниците, а доколку биде усвоена, мерката би можела да стапи во сила веќе следната година.

Целта, според владата, е заштита на децата од влијанието на алгоритмите и штетните содржини на интернет.

Сепак, од Агенцијата за заштита на податоци предупредуваат дека ваквиот пристап може да ја загрози приватноста, бидејќи проверката на возраста би била доверена на приватни компании.

Слични ограничувања веќе се воведуваат и во други земји, но податоците покажуваат дека голем број деца и понатаму успеваат да ги заобиколат правилата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK