Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија – потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски, како и координаторот на пратеничката група Бобан Карапејовски – во просториите на Министерството за образование и наука одржаа средба со министерката Весна Јаневска.
На средбата се разговараше за пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност.
Во конструктивна атмосфера беа постигнати дополнителни појаснувања и формулации што ќе бидат вклучени во законските решенија.
Во делот на приватните високообразовни институции беше договорено да се допрецизира начинот на давање банкарска гаранција. Истовремено, изборите во звање ќе се вршат со повисоки критериуми, при што во областа на лингвистиката, покрај базите Веб оф сајнс и Скопус, ќе се земе предвид и базата ЕБСЦО.
Од учесниците беше оценето дека предложените закони претставуваат добра основа за понатамошен развој на високото образование и науката, со потреба од континуирано унапредување на законската регулатива, соопшти партијата.