Един Џеко (40) се врати на тренинзите откако се здоби со повреда на рамото на натпреварот против Италија на крајот на март. Закрепнувањето на Џеко оди според планот, а најдобар доказ за тоа е фактот што тој повторно тренира. Засега работи индивидуално, но најважно е процесот на рехабилитација да напредува според планираноот.
Шалке се надева дека Џеко би можел да биде подготвен за натпреварот против Нирнберг на 9 мај. Со оглед на тоа што веќе почнал да тренира, можеби дури и ќе биде во конкуренција за натпреварот против Фортуна Дизелдорф на 2 мај.
Секако, главен приоритет е неговото целосно закрепнување за да биде подготвен за Светското првенство.
Неговиот клуб Шалке моментално е водечки тим во Втората Бундеслига со 61 бод, што е три бода повеќе од Падерборн, кој е на второто место. Падерборн е следниот противник на Шалке, а натпреварот се игра на гости.
Што се однесува до Светското првенство, репрезентацијата на Босна и Херцеговина е сместена во групата Б, заедно со Швајцарија, Катар и Канада.
Прв противник на Босна и Херцеговина ќе биде Канада, а натпреварот е закажан за 12 јуни во Торонто.
Foto/ EPA