Тројца работници биле затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи за градилиште на улицата Козјак.
Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени на Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’.
Во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице.