Манчестер Сити размислува за летен трансфер на играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез (25). Клупските челници се уврени дека Енци ќе биде идеална замена за Бернардо Силва.
Сити се стреми да го зајакне својот среден ред и, иако Фернандез е клучен играч на „Стемфорд Бриџ“, интересот од клубот од Манчестер би можел да ја тестира решителноста на Челзи во претстојниот преоден рок.
Според „Атлетик“, Манчестер Сити се појави како изненадувачки кандидат за да го доведе играчот од средниот ред на Челзи како дел од нивната летна реконструкција.
Со оглед на неодамнешните проблеми со повреди на клучни играчи како Родри, како и потврденото заминување на Бернардо Силва на крајот од сезоната, раководството на клубот на „Етихад“ го гледа Фернандез како играч способен да се прилагоди на тактичките барања менаџерот Пеп Гвардиола.
Foto/ Depositphotos