Вонредни ученици во Куманово полагале испити од наредната година без да ја имаат завршено претходната, кривична за директорот


678923303_1261809832796208_3557958618868302781_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово.


Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и назначен да извршува дополнителни работи-водење на вонредни испити од 01.09.2023 до 31.08.2024 овозможиле вонредните ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја имаат завршено претходната година и без да достават потврди за следење на феријалната пракса, при што овозможиле и испитната комисија да спроведе полагање на два вонредни испита во ист ден за четири вонредни ученици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK