Двајца Романци се претставиле дека се продавачи и влегле во домот на жена во Чаир, па ја ограбиле


677761613_1261727502804441_7435562330351684822_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата уапси двајца романски државјани кои измамиле скопјанка и ѝ одзеле пари и златен накит од нејзиниот дом.


Вчера околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка.

Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK