Челзи нема скапо да го чини отпуштањето на Розениор


depositphotos_634108526_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Челзи успеа да избегне плаќање на дури 24 милиони фунти отштета по отпуштањето на тренерот Лиам Розениор, благодарение на паметно вметната „брејк“ клаузула во неговиот договор.


Розениор беше отпуштен во среда по катастрофалната серија од пет последователни порази во Премиер лигата без постигнат гол.

Тешкиот пораз против Брајтон (3:0) беше последната капка што ја прелеа чашата, оставајќи го Челзи на осмото место и во длабока криза.

За само 23 натпревари на клупата, Розениор забележа десет порази. Никој побрзо од него во клупската историја не стигнал до двоцифрен број пораи.

Првичните извештаи укажуваа дека клубот ќе мора да плати дури 24 милиони фунти за долгорочен договор од шест и пол години кој важи до 2032 година.

Сепак, според „Скај Спортс“, клупските челници, успеале да вметнат посебна клаузула, во случај тренерот да биде отпуштен, што значително го намалува износот на отштета.

Розениор наводно ќе добие само четири милиони фунти, што е приближно износ на годишна плата.

На овој начин, Челзи избегна сериозен финансиски удар и покрај предвременото раскинување на соработката, дури шест години пред истекот на договорот. По заминувањето на Розениор, клубот одлучи да почека до летото пред да назначи постојан тренер кој ќе го води долгорочниот проект на „Стемфорд Бриџ“.

Во меѓувреме, Калум Мекфарлан ја презеде улогата на привремен шеф на тренерскиот штаб.

Негова задача ќе биде да го стабилизира тимот, да ја подобри атмосферата во соблекувалната и да го извлече максимумот од последните пет натпревари од сезоната (заедно со полуфиналето на ФА Купот со Лидс на Вембли), додека раководството бара врвно решение на клупата.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK