Кипарскиот претседател: ЕУ има потреба од план за помош на нападнати членки


13784602.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на ЕУ на состанокот на Кипар треба да започнат со изготвување план за акција во случај земја-членка што е нападната да побара помош од своите партнери во блокот, изјави кипарскиот претседател Никос Христодулидес. Тој рече дека на самитот ќе се дискутира како да се „даде суштина“ на членот 42.7 од Договорот за Европската Унија, кој ги обврзува сите 27 земји-членки да си помагаат едни на други во кризни ситуации, објавува Гардијан.


„Го имаме членот 42.7, но не знаеме точно што би се случило ако земја-членка побара негова примена“, рече Христодулидес пред самитот ЕУ-Блискиот Исток оваа недела, за кој се очекува да се фокусира на војната поврзана со Иран и нејзините последици.

Прашањето има и лична тежина за Христодулидес, кој минатиот месец побара помош од другите членки на ЕУ откако беспилотно летало Шахед ја погоди британската воздухопловна база во Акротири во јужен Кипар. Кипарските власти изјавија дека дронот бил лансиран од Либан. Потоа Грција, Франција, Шпанија, Холандија и Португалија испратија бродови со системи против беспилотни летала за да помогнат во одбраната на островот.

Христодулидес изрази задоволство што другите лидери на ЕУ сега „ја разбираат важноста“ од приближувањето на Унијата кон Блискиот Исток преку иницијативи како што е Медитеранскиот пакт. Пактот предвидува спроведување на конкретни проекти во земјите од Блискиот Исток во областите на здравството, образованието и енергетиката.

На неформалниот самит на лидерите на ЕУ подоцна оваа недела ќе присуствуваат и лидерите на Египет, Либан, Сирија и Јордан. Тоа ќе биде можност „не само за размена на идеи, туку и да се види во акција како ја креваме нашата соработка на стратешко ниво“, заклучи Христодулидес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK