СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со 252 места за нови средношколци во 2026/2027


Screenshot_16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во учебната 2026/2027 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија ќе бидат запишани 252 ученика во прва година. Според распишаниот Конкурс за запишување ученици во средно образование и неговите измени и дополнувања од страна на Министерството за образование и наука, во гевгелискиот Средноучилишен центар се предвидени 9 паралелки со настава на македонски јазик, според наставни планови и програми за:

Гимназиско образование – 68 ученика, 2 паралелки


Гимназиско образование – 34 ученика, 1 паралелка (македонско – англиска билингвална паралелка);

Сектор Угостителство и туризам – 50 ученика, 2 паралелки

– хотелско-туристички техничар, 4 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;

– келнер/готвач, 3 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;

Сектор Машинство – 50 ученика, 2 паралелки

– машински техничар за моторни возила, 4 години, во соработка со компании, 25 ученици во 1 паралелка;

– автомеханичар, 3 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;

Сектор Економија, право и трговија – 25 ученика, 1 паралелка

– економски техничар/ бизнис администратор

Сектор Здравство и социјална заштита – 25 ученика, 1 паралелка

– забен техничар/ фармацевтски техничар.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски и августовски уписен рок. Пријавувањето ќе се врши преку електронски, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 12 до 15 јуни, до 23:59 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни, од 08:00 до 19:00 часот и 17 јуни, од 08:00 до 15:00 часот и на 25 јуни 2024 година, од 07:00 до 15:00 часот.

Додека, второто електронско пријавување ќе биде на 23 јуни (до 23:59 часот), а доставувањето на потребната документација до училиштата ќе се врши на 24 јуни (од 08:00 до 15:00 часот).

Августовскиот уписен рок важи за ученици кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување и можат да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 20 август, до 15:00 часот електронски. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август, до 14:00 часот.

Линк за повеќе информации за потребната документација за уписот: Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK