Израел нарача муниција за авиони за 200 милиони долари


francuski-borbeni-avioni-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелското Министерство за одбрана денес објави дека нарачало уште 200 милиони долари муниција за авиони од компанијата за воена технологија „Елбит“.


Во соопштението се наведува дека нарачката за муниција за авиони, која е за неколку години што доаѓаат, е дел од „зајакнувањето на подготвеноста за краткорочни борбени сценарија“, како и подготовките за обезбедување безбедност во следната деценија, објавува „Тајмс оф Израел“.

Муницијата за авиони што беше нарачана се однесува на ракети и други бомби што ги користат авионите на израелските воздухопловни сили за напад и пресретнување.

Во јануари, сличен договор, вреден 183 милиони долари, беше потпишан помеѓу министерството и компанијата „Елбит“, која е со седиште во Израел, за муниција за авиони, објавува „Танјуг“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK