Премиерот на Канада: Блиските врски со САД станаа наша најголема слабост


Depositphotos_838216478_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека врските на Канада со САД станаа „слабост“ што мора да се коригира, бидејќи работниците во канадската автомобилска, челична и дрвена индустрија се загрозени од царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.


„САД фундаментално го променија својот пристап кон трговијата, зголемувајќи ги царините на нивоа последен пат видени за време на Големата депресија. Многу од нашите поранешни силни страни, засновани на блиските врски со Америка, станаа слабости што мора да ги поправиме“, рече Карни во видео што го објави на YouTube, пренесува CBC.

„Безбедноста не може да се постигне со игнорирање на очигледното или со потценување на многу реалните закани со кои се соочуваме ние Канаѓаните. Никогаш нема да ги занемарувам нашите предизвици. Наместо тоа, ќе разговарам со вас директно и редовно за планот“, рече Карни.

Видео изјавата на Карни се појави неколку дена откако американскиот министер за трговија, Хауард Латник, ја критикуваше трговската стратегија на Канада пред разгледувањето на сегашната верзија на Северноамериканскиот договор за слободна трговија и го осуди трговското партнерство на Отава со Кина, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK