Румен Радев победи на изборите во Бугарија, според излезните анкети, но неизвесно е дали ќе успее да формира стабилна Влада


bugarija-izbori-radev-epa.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев води на осмите предвремени парламентарни избори во последните пет години, покажуваат излезните анкети од повеќе агенции.


Според податоците на „Алфа рисрч“, „Прогресивна Бугарија“ би освоила 105 пратенички места во 240-члениот парламент. ГЕРБ-СДФ – 46 мандати, ПП-ДБ – 40, ДПС – 24, Преродба – 14, БСП – Обединета левица – 11 пратеници.

Проекциите за распределба на мандати покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ ќе има најголем број пратеници, но без апсолутно мнозинство, што остава отворено прашање за формирање стабилна влада.

Излезноста на гласачите до 19 часот се движи меѓу 44 и 47 проценти, според различни агенции.

Политичките лидери ги повикаа граѓаните да гласаат и да одлучат за иднината на земјата. Потпретседателката Илијана Јотова изјави дека е потребно брзо формирање влада која ќе се справи со економските предизвици, додека вршителот на должноста премиер Андреј Ѓуров повика на масовна излезност како гаранција за слободен избор.

Лидерот на ГЕРБ-СДС Бојко Борисов изрази сомнеж дека ќе се формира стабилна влада и најави дека неговата партија би можела да остане во опозиција.

Во меѓувреме, светските медиуми го следат изборниот процес со фокус на Радев, оценувајќи го како фаворит, но истакнуваат дека политичката сцена во Бугарија останува сложена и неизвесна.

Изборниот ден генерално помина мирно, со поединечни технички проблеми со машинското гласање, а конечните резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK