Израел: Армијата има наредба да користи полна сила во Либан, во случај на закана


izrael-vojna-Depositphotos_684812144_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека армијата има наредба да користи „полна сила“ во Либан доколку израелските сили се соочат со каква било закана.


Иако пред неколку дена стапи на сила десетдневно примирје меѓу Израел и Хезболах, двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово прекршување.

Кац нагласи дека целта е заштита на војниците, како и уништување објекти и позиции што претставуваат закана, особено во пограничните села.

Тој додаде дека главната цел на операциите е разоружување на Хезболах и отстранување на заканите за северен Израел, предупредувајќи дека воените активности ќе продолжат доколку либанските власти не ги исполнат своите обврски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK