Фудбалерите на Ливерпул го победија Евертон со 2:1 (1:0) во 248-то Мерсисајд дерби, првото што се играше на новиот стадион „Хил Дикинсон“. Мохамед Салах со гол го обележа последното градско дерби во кариерата, а Вирџил ван Дајк им донесе триумф на гостите со драматичен гол во 100-та минута од натпреварот.
Во првото полувреме се гледаше израмнета борба, а Илиман Ндијаје им донесе радост на домашните во 28-та минута. Сенегалецот прекрасно го прими центаршутот на Џејк О’Брјен и го совлада Мамардашвили, но по проверката на ВАР се покажа дека Џарад Брентвејт бил во пасивен офсајд. Голот беше поништен и сè се сврте само една минута подоцна.
Двајт Мекнил направи голема грешка и му ја подари топката на Коди Гакпо на околу 40 метри од неговиот гол. Холанѓанецот се сврте и брилијантно го проигра Мохамед Салах помеѓу тројца играчи на Евертон, така што „фараонот“ на крајот беше непогрешлив.
Кирнан Дјусбери-Хол, во 55-та минута, го надигра Конате, по долгата топка на Виталиј Миколенко, а потоа го проигра Бето кој погоди за 1:1.
Припостигнувањето на голот се повреди Мамардашвили, тој беше изнесен од теренот на носилки, а третиот голман Фреди Вудман влезе во игра поради отсуството на Алисон.
Ова беше втор настап за 29-годишникот кој пристигна меѓу „Црвените“ ова лето.
ДО крајот имаше голема борба на теренот, многу трчање и грешки на двете страни, а во 100-та минута Ван Дајк по корнерот на Собослај, го совлада Пикфорд.
Со овие три бода Ливерпул речиси си ја обезбеди петтата позиција и место во Лигата на шампионите.
Нотингем Форест забележа важна победа во борбата за опстанок. „Шумарите“ со пресврт го победија Барнли со 4:1 и сега имаат пет поени повеќе од 18-то пласираноот Тотенхем.
Херој на триумфот беше капитенот Морган Гибс-Вајт кој постигна три гола, откако Барнли поведе во првиот дел преку Флеминг.
Луд натпревар одиграа Астон Вила и Сандерленд. Вила испушти предност од 3:1, а победата им ја донесе Теми Ејбрахам во 93-та минута.
Foto/ EPA