На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание „Најпосакуван работодавач за 2026 година“.
Оваа награда е резултат на најголемото независно истражување спроведено на национално ниво од страна на Vrabotuvanje.com.mk, каде што илјадници граѓани и потенцијални кандидати за работа ја оценија компанијата како лидер во однос на стабилноста, условите за работа и грижата за вработените.
„Ова признание не е само награда за менаџментот, туку е потврда за силата на нашиот тим кој брои над 8.500 луѓе во фабриките во Битола и Скопје. Да се биде најпосакуван работодавач за 2026 година значи дека успеваме да ги исполниме очекувањата на нашите вработени, обезбедувајќи им не само работа, туку и сигурност и кариерен пат кој се темели на европски вредности,“ изјавуваат од менаџментот на компанијата.
Причините поради кои Кромберг & Шуберт континуирано се наоѓа на врвот на оваа листа се стратешките инвестиции во „Employer Branding“, постојаното подобрување на работната средина, како и воведувањето на иновативни бенефиции за вработените. Компанијата останува клучниот столб на македонската економија и најголем извозник, истовремено одржувајќи го фокусот врз својот најважен капитал – луѓето.
Настанот на Vrabotuvanje.com.mk, кој веќе традиционално ги обединува најуспешните компании во државата, уште еднаш покажа дека брендот на работодавачот е клучниот фактор за успех во современиот бизнис свет.
За Кромберг & Шуберт, оваа награда за 2026 година е мотив плус да продолжи со својата визија: градење на иднина каде секој вработен се чувствува вреднуван, инспириран и дел од глобален успех.


