(Видео) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска учествуваше на дискусија на високо ниво во организација на PES (Партијата на европски социјалисти), на панелот „Обликување на Европа заедно: Прогресивни гласови од Западен Балкан“, кој се одржа во Барселона.


Во своето обраќање, Филипче нагласи дека Европа се соочува со сериозен бран на авторитаризам, на кој прогресивните сили и социјалдемократијата се последна линија на одбрана.

„Tокму социјалдемократијата е суштинската спротивност на авторитарните режими и прогесривните сили се последната линија на одбрана. Историјата нè учи дека помирувањето со авторитаризмот не го слабее, туку го зајакнува. Тоа им дава простор на екстремните сили да се претстават како умерени и прифатливи“, нагласи Филипче.



Посебен акцент во своето излагање Филипче стави на процесот на проширување на Европската Унија, истакнувајќи дека тој мора да продолжи и дека билатералните прашање не смеат да бидат изговор.

„Проширувањето на ЕУ мора да продолжи. Прогресивците не смеат да дозволат билатерални прашања, кои немаат врска со Копенхашките критериуми, да се користат како изговор за вета и блокади. Секое ново вето или блокада не само што го оштетува процесот на проширување, туку ја поткопува довербата на граѓаните во европските вредности“, истакна Филипче, додавајќи дека критериумите мора да се почитуваат, но не смеат да бидат злоупотребени.

Во освртот на состојбите во Македонија, Филипче посочи дека државата се соочува со застој во европската интеграција поради политиките на актуелната власт.

„Имаме десничарска влада која не го продолжува европскиот пат и користи изговори за да ги блокира неопходните уставни измени“, истакна Филипче.

Тој предупреди и на засиленото влијание на авторитарни центри во регионот, посочувајќи на поврзаноста со политиките на Виктор Орбан и Александар Вучиќ, како и на ширењето на антиевропска реторика, дезинформации и координирани медиумски кампањи.

Филипче потенцираше дека заедничката акција и соработката меѓу прогресивните сили се клучни за справување со предизвиците.

„Само заедно сме посилни. Ваквите средби се важни за размена на искуства и градење заеднички одговор на предизвиците со кои се соочуваме“, заклучи претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK