Тамара Тодевска слави 25 години кариера со концерт и нов албум „Кукла жива“


t.todevska-najava-1-a.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со голем концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3 октомври, Тамара Тодевска ќе одбележи 25 години музичка кариера, но и ќе најави нова ера со албумот „Кукла жива“.


Станува збор за уникатно музичко доживување, реализирано во соработка со македонскиот диригент, композитор и аранжер Емин Џијан и неговиот оркестар.

Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и можат да се купат преку продажната мрежа на WayIn – линк. Концертот е во организација на Music Rituals, а истиот се организира и со поддршка на Министерството за култура и туризам.

На ова музичко и визуелно доживување ќе му претходи и издавањето на новиот албум на Тамара Тодевска, „Кукла жива“, кој ќе содржи 11 композиции и ќе го означи почетокот на новата ера во нејзината кариера.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Тамара пред неколку дена на својот Instagram профил сподели кратко тизер видео, кое го привлече вниманието на нејзините фанови, но и на целокупната музичка јавност. Таа споделува повеќе детали околу претстојните активности:

„Истовремено сум многу возбудена, среќна и нетрпелива. Подготовките за големиот концерт на 3 октомври се во тек, а паралелно работам и на мојот нов албум „Кукла жива“, кој ќе претставува навистина посебен музички проект – не само за мене, туку и за македонската музичка сцена и култура во целост. Периодов и јас и целиот мој тим имаме многу студиска работа и снимање, но тоа е она во што најмногу уживам – во креативниот процес, во создавањето на музиката и во деталите кои го обликуваат финалниот звук. Песните ги напишавме заедно со Коста Петров, а аранжманите ги направи Емин Џијан, така што публиката може да очекува квалитетна музика, полна со емоции и искрени стихови кои сум ги живеела во одреден период од мојот живот и кариера“, посочува Тамара.

Албумот „Кукла жива“ е во финална подготовка и во текот на мај ќе биде презентиран пред македонската публика. Дополнително, на големиот концерт во октомври публиката ќе има можност во живо да ги слушне сите 11 песни од новиот албум, како и хитовите кои ја одбележаа кариерата на Тамара Тодевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK