Медиуми: Гнев во Израел поради најавата за примирје од Трамп


Depositphotos_94066032_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Израел владее гнев откако Трамп објави прекин на огнот во Либан пред израелскиот кабинет да гласа за него, јавува израелскиот „Канал 12“.


Според написите, објавата на веста од страна на американскиот претседател се доживува како ново понижување за Израел, бидејќи ниту владата ниту дел од јавноста не сакаа војната да престане сега.

Најавата на Трамп, како што пишуваат медиумите, дојде во време кога израелските сили се уште се на терен во Либан и продолжуваат да напаѓаат цели во таа земја.

Според Хаарец, армијата била подготвена да прекине со огнот вечерва, но најавата сепак изненади многумина бидејќи дојде пред самите Израелци да можат да ја објават.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK