САД ги вратија санкциите на руската нафта


nafta-Depositphotos_687240816_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија денес ја намали важноста на повторното воведување на американските санкции врз нејзината нафта, кои Вашингтон претходно ги укина со цел да го ублажи порастот на цените на енергијата предизвикани од војната на Блискиот Исток, пренесува AFP.


„Беше предвидливо“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашање од AFP на дневната прес-конференција.

„Со години живееме под тежината на санкциите… Веќе научивме како да го минимизираме нивното влијание. Ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде тој.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, објави дека САД нема да ја продолжат суспензијата на санкциите против руската нафта.

Санкциите, како оние наметнати врз иранската нафта, беа суспендирани во март за да им се овозможи на Русија и Иран да ја продаваат својата сурова нафта со надеж дека ќе се ублажи порастот на цените по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток.

Вашингтон во вторник објави дека ослободувањето поврзано со иранската нафта, исто така, нема да биде продолжено.

Целта на санкциите е да се намалат приходите на Русија од продажба на нафта за да се казни Москва за нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година и да се намалат приходите на Техеран за неговата нуклеарна програма и финансирање на вооружени групи како што е Хезболах во Либан, пишува АФП.

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK