Полицијата поднесе кривична пријава против С.А. (24) од овој град поради сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“.
Според информациите, на 12 април 2026 година, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон.
Претходно, на 9 април, од женско лице одзел чанта со пари, додека на 11 април во аптека од вработена одзел мобилен телефон.
Случајот е пријавен и се преземаат понатамошни мерки.