Либан го демантира Трамп: Нема преговори со Израел


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Либанските власти соопштија дека немаат информации за каков било контакт со Израел, реагирајќи на изјавите на Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си.


Од кабинетот на либанскиот претседател велат дека не се запознаени со најавен разговор меѓу двете земји, додека либански функционер за Ал Џезира изјавил дека нема информации за можен телефонски разговор меѓу лидерите.

Реакцијата следи по објавите на Трамп дека Либан и Израел наскоро би можеле да одржат разговори – први по 34 години, пренесе Ал Џезира.

Дополнително, новинарката Зеина Ходр објави дека нема детали ниту за можен состанок на амбасадорите во Вашингтон, иако тоа било најавено во објавите на Трамп на мрежата Truth Social.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK