Зеленски: Трамп не е на страната на Украина


Depositphotos_754202506_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неодамнешно телевизиско интервју дека американскиот претседател Доналд Трамп не зазема страна на Украина и дека неговите сигнали се поблиски до Русија.


Говорејќи за улогата на САД во војната, Зеленски рече дека Трамп од самиот почеток нагласува дека сака да остане неутрален.

„Тој од самиот почеток рече дека ќе остане во средина“, изјави Зеленски, додавајќи дека таквиот пристап значи дека Трамп не е на страната на Украина.

„Тоа покажува дека не е на моја страна, ниту на страната на Русија“, рече тој.

Зеленски оцени дека пораките што доаѓаат од САД се поповолни за Русија отколку за Украина.

„Да, токму така“, одговори на прашањето дали сигналите на Трамп се попозитивни кон Русија.

Украинскиот претседател додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ги следи ставовите на САД, но предупреди дека недостатокот на притисок го намалува ефектот.

„Ако САД не вршат притисок врз Путин, туку дипломатски седат меѓу две столчиња и водат само благ дијалог со Русите, тогаш тие не се плашат“, изјави Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK