(Видео) Удинезе на „Сан Сиро“ го декласира Милан


untitled-1-11.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Удинезе го декласираа Милан на „Сан Сиро“ со 3:0, во 32-то коло. Екипата од Удине прв пат во историјата во една сезона, во Милано ги победи Милен и Интер. Во првиот дел од сезоната го победија Интер со 2:1.


Масимилиајно Алегри реши да испроба нова тактика против Удинезе, Милан излезе во формација 4-3-3, со Рафа Леао како лажна деветка.

„Само се надевам дека ја одбрав вистинската постава“, изјави тренерот на Милан пред натпреварот. Дека згрешил беше јасно во првите 15 минути. Удинезе доминираше на теренот, на крајот убедливо победи.

Милан, до пред три недели беше во борбата за титулата, а сега до крајот ќе се бори за четвртоото место, кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.

Николо Заниоло беше вмеѓан во двата гола во првото полувреме. Првиот дојде во 27-та минута, кога Давиде Бартезаги си постигна автогол по центаршутот на Артуро Ата.

Јирген Екеленкамп ја дуплираше предноста во 37-та минута, со удар со глава по центаршутот на Заниоло.

„Роносерите“ најсериозно се заканија на почетокот од вториот дел. Мадука Окоје феноменално го запре ударот на Алексис Салемакерс со помош на пречката, а набрзо шанса имаше и Страхиња Павловиќ, кој се обиде со глава, но неогвиот удар заврши крај голот.

Ата стави точка на овој натпревар во 71-та минута, со одмерен удар во блискиот агол на Мајк Мењан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK