Каја Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето


kalas-kaja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, се придружи на растечкиот број функционери кои бараат примирјето меѓу САД и Иран да се прошири и на Либан.


„Хезболах го вовлече Либан во војна, но правото на Израел на самоодбрана не го оправдува нанесувањето на толку огромна разорна штета. Израелските напади синоќа убија стотици луѓе, поради што е тешко да се тврди дека таквите акции спаѓаат во опсегот на самоодбрана“, вели Калас.

Според неа, дејствата на Израел сериозно го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран.

„Примирјето со Иран треба да се прошири и на Либан. Хезболах мора да се разоружа, како што се согласи да го стори тоа. Европската Унија ги поддржува напорите на Либан да го разоружа Хезболах“, вели Калас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK