Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан веќе неколку пати ја потврдија својата врска појавувајќи се заедно на големи настани, како што е Супербоул, а потоа беа видени како шетаат низ Токио.
Сепак, досега ниту Ким ниту Луис не се огласија, иако не ги негираа ниту гласините. Сега конечно сè е јасно, по којзнае кој пат, но тие сè официјализираа на Инстаграм.
Хамилтон објави видео во кое може да се види како ужива во возење, но дури на крајот се појавува Ким во кадарот, којa цело време беше на совозачкото седиште.
View this post on Instagram
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон првпат ги започнаа гласините уште во февруари оваа година, кога се пишуваше дека патувале на краток одмор, а потоа беа видени заедно на Супербоул и во Јапонија, каде што е снимено гореспоменатото видео.
Тие сега ја објавија потврдата за нивната врска и дефинитивно повеќе нема сомнеж дали се заедно или не.