По повод 7 април Светскиот ден на здравјето, Натура Терапи со нова палета на суплементи по највисоки стандарди со кои ќе настапи и на германскиот пазар


natura_hrana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во време кога се повеќе стануваме свесни за важноста на нашето здравје, а по повод 7 април Светскиот ден на здравјето, во пресрет на празникот Велигден, компанијата Натура Терапи воведува над 10 суплементи, минерали, витамини и нивна комбинација производи со врвен квалитет, креирани по Германски стандарди.

Истовремено компанијата најави дека започнува соработка и настап на германскиот пазар, истакнувајќи ја притоа важноста на основната грижа за здравјето и неговата превенција.


За таа цел, овој период преку серија едукативни содржини објавени на медиумите и преку своите социјални мрежи, Натура Терапи ќе понуди практични совети, едукација и информации кои се лесно применливи во секојдневниот живот. Темите се поврзани со зајакнувањето на имунитетот, правилна исхрана, па сѐ до специфични аспекти на машкото и женското здравје.

Според нутриционистот Сашко Дрвошански, важно е каква храна внесуваме, колку е таа разноврсна, но истовремено се поставува и прашањето колку се здрави овошките и зеленчукот, за чие производтсво се употребуваат пестициди и хибридизацијата кои драстично го осиромашуваат нивниот микронутриентски состав.

Тој додава дека суплементите, или додатоците во исхраната се исклучително важни, бидејќи без нив не можеме да ги внесеме во организмот потребните количини на витамини и минерали. Но притоа треба да одбереме квалитетни додатоци во исхраната, кои имаат високо ниво на апсорција.

На пример, со внесување витамин Ц преку исхрана, ние само превенираме скорбут – болест на сврзното ткиво кое поради недостиг на витамин Ц се распаѓа, и се создаваат отворени рани итн. А факт е дека витаминот Ц е потребен како антиоксиданс, за имунитетот, за железото, за создавање невротрансмитери, и тие количини може да се внесат само преку квалитетни суплементи. Друг пример е со магнезиумот, кој некои компании го нудат во форма магнезиум карбонат или оксид, што е лошо, со апсорпција под 10%. Затоа, е важно да се внимава какви суплементи се користат, бидејќи некои немаат ефект.

Паралелно со едукативни активности, Натура Терапи ќе обезбеди и атрактивни велигденски попусти на голем дел од својата палета производи, со јасна цел – квалитетните природни додатоци во исхраната да бидат достапни за што поголем број луѓе. Оваа иницијатива доаѓа како потсетник дека вложувањето во здравјето не треба да биде луксуз, туку навика.

Кога станува збор за машкото здравје, експертите посочуваат дека превенцијата и навремената поддршка на организмот се клучни. Во таа насока, меѓу најбараните производи се издвојуваат цинкот, минерал кој игра значајна улога за имунитетот и хормоналниот баланс, Простатол комплекс, додаток во исхраната наменет за поддршка на здравјето на простатата, како и алое верата, позната по своите детоксикациски и регенеративни својства. Дополнително, за оние кои сакаат практично и здраво решение во динамичното секојдневие, тука се и Nutri Soup протеинските супи од сушен зеленчук,  хранлив оброк кој комбинира вкус и нутритивна вредност, идеален за одржување на енергијата во текот на денот. Мача колагенот и многу други производи, веќе етаблирани и со потврден квалитет.

Грижата за здравјето не треба да започне кога ќе се појави проблем, туку многу порано. Преку правилна исхрана, балансиран внес на нутриенти и поддршка на организмот со природни додатоци кога е потребно. Особено кај мажите, редовната превенција и вниманието кон простатата и имунитетот играат клучна улога за долгорочното здравје“, истакнува Дрвошански.

Со вакви активности, Натура Терапи не само што нуди производи, туку гради и култура на информираност и одговорност кон сопственото здравје. А токму тоа е најважниот чекор кон поквалитетен и исполнет живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK