Зендаја уште еднаш докажа дека е кралица на овогодишните модни изданија на црвениот тепих. Сега се појави во нестварна сина креација која го привлече вниманието на јавноста.
Зендаја и нејзиниот колега Роберт Патинсон работат напорно на промоција на филмот „The Drama“, а таа воодушеви многумина со своето најново издание. Овој пат, таа пронајде инспирација во добро познатата изрека „нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино“, која ја разработуваше во текот на целата прес-турнеја, кулминирајќи со спектакуларно издание на црвениот (црниот) тепих во Њујорк.
View this post on Instagram
На премиерата на гореспоменатиот филм, таа се појави во впечатлива креација од модната куќа „Schiaparelli“, која е дел од котур колекцијата за пролет 2026. Според достапните информации, за изработка на овој фустан биле потребни дури 8.000 часа работа.
View this post on Instagram
Станува збор за скулптурален фустан покриен со пердуви, но и интересна комбинација од електрично сина и црна боја. Фустанот, направен од црн кринолин и тил, имаше раскошно, повеќеслојно здолниште, што беше драматичниот дел од овој изглед.
View this post on Instagram
Таа го надополни изгледот со шминка во земјени тонови и ненаметливи, но скапи, 44-каратни сафири од Tiffany & Co. Целата модна турнеја на Зендаја беше создадена од стилистката Ло Роуч, а сите нејзини фустани се дел од поголема слика што е во согласност со претходно споменатото мото „нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино“.