Муцунски на состанок: Повеќе од 30 министри бараат решение за Ормускиот теснец


image-2026-03-09-at-12.27.55.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на покана на британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер, учествуваше на виртуелен состанок со повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот.


Состанокот беше посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормуски теснец.

Во фокусот на разговорите беа зголемените безбедносни ризици во регионот, како и нарушувањата на глобалните енергетски и трговски текови, кои произлегуваат од актуелната состојба во теснецот.

Министрите разменија мислења за можни координирани чекори со цел стабилизирање на состојбата и обезбедување непречено функционирање на меѓународната трговија и транспорт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK