Турската серија „Сулејман Величествениот“ беше една од најпопуларните серии на нашите простори. Покрај главните ликови Сулејман и Хурем, вниманието на јавноста го привлече и познатиот Зумбул-ага.
View this post on Instagram
Актерот Селим Бајрактар мајсторски ја одигра улогата на духовитиот, донекаде лукав Зумбул-ага, па затоа не е ни чудо што го привлече вниманието на јавноста и надвор од оваа серија.
View this post on Instagram
Вистинското изненадување беше неговиот имиџ во приватниот живот, кој е во целосна спротивност со оној што го портретираше во серијата.
View this post on Instagram
Селим негува природен изглед, односно долгата седа коса и брадата се негов заштитен знак, што го прави уште пошармантен. Активен е на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде објавува фотографии од својот живот и не крие дека ги сака прецизно скроените одела и фитнесот. Исто така, практикува јога и ужива во екстремни спортови, но и во поминување време со пријатели и животни.
View this post on Instagram
Патем, Селим е роден во Ирак, во градот Киркук, но семејството се преселило во Турција. Дипломирал во 2000 година, а набргу потоа почнал да глуми во Турскиот национален театар. Тој ја започна својата кариера како телевизиски и филмски актер во 2006 година.
View this post on Instagram
Љубовен живот
Актерот беше во врска со музичарката Битер Бајрактар 14 години, но во медиумите има многу малку информации за нивната љубов, а не е познато ниту дали имаат заеднички деца.
View this post on Instagram
По раскинувањето со неа, Селим повторно ја пронајде љубовта во прегратките на актерката Емел Каракосе. Тие се венчаа на 1 мај 2023 година.