(Видео) Рубио: Зеленски лаже


rubio-foto-mnr-od-sredbata-so-mucunski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Марко Рубио го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека лажел кога изјавил дека САД ги условиле безбедносните гаранции за Киев со отстапување дел од територијата на Русија.


„Тоа е лага“, изјави американскиот шеф на дипломатијата пред новинарите по состанокот на Г7 во околината на Париз.

„Видов дека Зеленски го кажал тоа и жалосно е што го изговори, затоа што знае дека тоа не е вистина“, додаде Рубио. Преговорите за завршување на четиригодишната војна и натаму се во ќорсокак, потсетува „Франс прес“.

Зеленски претходно за „Ројтерс“ изјави дека САД понудиле безбедносни гаранции неопходни за мировен договор во Украина, под услов Киев да го отстапи источниот регион Донбас на Русија.

Оваа изјава ја поздрави специјалниот руски пратеник Кирил Дмитриев, кој рече дека Москва не може а да не се радува на тоа.

„Рече важна работа… конечно сфати дека ставот на САД е таков што ќе поддржи безбедносни гаранции само ако Украина се откаже од Донбас“, изјави рускиот претставник.

Регионот Донбас ги опфаќа областите Луганск и Доњецк. Според податоците на Институтот за проучување на војната (ISW), Русија речиси целосно ја контролира Луганската област, како и околу 75% од Доњецката област.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK