Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната С.Ѓ.Б. од Скопје и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од мопедот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.