Израелски министер му се заканува на Иран: Ќе платите висока цена за нападите


depositphotos_133237840_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел ќе ги засили своите напади и ќе таргетира поширок спектар на локации во Иран, обвинувајќи го Техеран дека насочува ракети кон израелски цивили.


Кац им рече на воените претставници дека воените напади на Израел врз Иран ќе „се интензивираат и ќе се прошират на дополнителни цели и области што му помагаат на режимот да изгради и користи оружје против израелските цивили“.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас го предупредивме иранскиот терористички режим да престане да испукува ракети кон цивилното население во Израел. И покрај предупредувањата, пукањето продолжува и затоа нападите во Иран ќе се интензивираат и прошират“, рече Кац.

„Тие ќе платат висока цена и ние ќе продолжиме да дејствуваме во Иран со полна сила сè додека не се постигнат сите воени цели“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK