Манасиевски: СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Заев, Башановиќ


manasievski.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Зоран Заев, Башановиќ, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.


„СДС од некогаш државотворна партија, стана прокси партија благодарение на Филипче, Заев и Башановиќ. Коленичењето спрема одредени наши соседи и уважување на нивните барања е политика која е антидржавна, а таа е во статутот на СДС. Заев, Филипче и Башановиќ ја промовираат и предаваат оваа политика која е штетна на Македонија и на македонскиот народ. Затоа рејтингот на Филипче и на СДС се брои на прсти, а тие се чудат зошто е тоа така. Не ја научија лекцијата која народот им ја предаваше и продолжија да делуваат антидржавно а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ“, рече Манасиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK